Падна дилер на кокаин од Центар

Полициски службеници од СВР Скопје, Единица за недозволена трговија вчера го лишија од слобода М.Н.(58) од Скопје.
По претходно преземени мерки и активности и добиена судска наредба беше извршен претрес во дом и дополнителни два објекта кај М.Н., на подрачјето на Центар, при што е пронајден кокаин, подготвен за улична продажба и три дигитални ваги, информираа денеска од МВР.
Лицето е приведено и задржано во полициска станица и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Без вода утре корисници од ул. „Џон…
Без вода утре од 9 часот ќе…
Миа е првото новороденче во Битола во…
Битолчанка на 25 годишна возраст на свет…
Црногорскиот премиер се огласи по масакрот и…
Премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ пристигнал…
Зеленски реагираше на потегот на Русија: „Еден…
Кога на Путин му беше доделено руското…
Машко е првото бебе за 2025 година…
Околу 10:45 часот на Одделението за гинекологија…