Објавено на:

Падна договор власт-опозиција: Трудо останува на власт уште три години

t

Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска изјави дека неговата Либерална партија постигнала договор со опозициската Нова демократска партија да остане на власт до 2025 година.

-Ова значи дека во ова неизвесно време, владата може да функционира предвидливо и стабилно, да презентира и спроведува буџети и да обезбедува услуги за Канаѓаните, рече Трудо.

Либералната партија на Трудо повторно победи на изборите во септември, но не успеа да освои мнозинство во парламентот и мора да се потпре на опозицијата за усвојување на законот.

Левичарската партија НДП ќе ги поддржи либералите на Трудо во замена за договори за плановите за фармацевтска и стоматолошка заштита, но нема да има членови во кабинетот на Трудо.

-Се договоривме да работиме заедно. Станува збор за фокусирање на тоа за што се согласуваме место за тоа за што не се согласуваме, рече Трудо.  (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Куќи паѓаат во морето: Страшно невреме…

Силната бура „Фиона“ го зафати источниот дел…

(Видео) Руската амбасада во Отава нападната со…

Руското Министерство за надворешни работи го повика…

Буџаку и Куќи го поминаа собранискиот филтер:…

Номинираните амбасадори во Канада и во Норвешка,…

Груби: Уставни измени ќе има, расте проевропското…

Уставните измени мора да се случат, бидејќи…

Дури сега ќе мрзнат? “Цајт”: Шолц не…

Шолц не успеа да постигне договор во…