Објавено на:

Падна првата балканска „жртва“ поради украинската војна

t

Воениот шеф на софиската влада доби отказ поради тоа што руската инвазија на Украина ја нарекувал „воена интервенција“ а не „војна“, јавуваат агенциите.

Бугарскиот премиер Кирил Петков го отпушти министерот за одбрана Стефан Јанев поради изборот на термини при опишувањето на руската инвазија на Украина, нарекувајќи ја „воена интервенција“ или „операција“, а не „војна“.


„Мојот министер за одбрана не може да го користи зборот операција наместо зборот војна. Не може да ја викаш операција ако илјадници војници се убиени на двете страни“, кажа Петков.

Тој додаде дека „не е во бугарски интерес да се наведнува главата. Кога ќе видиме нешто со што не се согласуваме, нешто толку очигледно, не можеме да молчиме“.

Сите четири партии во владејачката коалиција во Бугарија се согласиле на сменувањето на Јанев, кажа Петков. Новиот министер за одбрана, најверојатно Тодор Тогарев, кој на таа позиција беше во 2013 година, ќе биде назначен на вонредна седница на парламентот во четврток.

Отказот доаѓа како реакција на фејсбук пост на Јанев. Коментирајќи ја руската инвазија, бугарскиот министер за одбрана напишал дека тоа не е „војна“. Истакнал дека нема потреба Бугарија да зазема страна со Русија, САД или европските сојузници. „Нашата напатена татковина не заслужува да биде жртвувана во играта на големите сили“, напишал Јанев.

Петков веднаш реагирал на постот: „Ниеден министер не може да се обидува да води сопствена надворешна политика, особено не на Фејсбук“.

Јанев кажа дека е сменет за владата да може да постави министер за одбрана кој ќе биде поотворен на служењето странски интереси, во некои случаи на сметка на бугарската безбедност.

Бугарија долго беше сојузник со Русија и советски сателит како членка на Варшавскиот пакт за време на Втората светска војна. Земјата влезе во НАТО во 2004 година и стана членка на Европската Унија во 2007. Петков порача дека солидарноста со западните сојузници е најдобриот начин да се осигура безбедноста на Бугарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија се пишмани: Ќе ја разгледува опцијата…

Бугарија планира да разговара за исплатите на…

Гајдов: Бугарија е рускиот тројански коњ во…

Бугарија е рускиот „тројански коњ“ во Европа.…

Македонскиот Омбудсман да формира тело за следење…

Бугарскиот премиер Кирил Петков од Рим испрати…

Трајанов: САД ќе ги седнат Македонија и…

ЕУ не решила ниту едно сложено прашање.…