Објавено на:

Падна првата тужба: ЕУ и Велика Британија ќе се соочат пред СТО

t

Европската унија ја започна својата прва тужба против Велика Британија пред Светската трговска организација (СТО), тврдејќи дека при доделувањето зелени субвенции ги фаворизира домашните компании.

Според Европската комисија, критериумите што ги користи британската влада за доделување субвенции за проекти за изградба на ветерници на море се во корист на британските компании.

„Ова го прекршува основниот принцип на СТО дека увозот мора да биде способен да се натпреварува на еднаква основа со домашните производи и им штети на добавувачите на ЕУ, вклучително и многу мали и средни претпријатија, во секторот зелена енергија”, соопшти ЕК во понеделникот.

Истовремено, ваквата пракса ќе ги зголеми трошоците за производство и може да го забави воведувањето на зелена енергија, предупредуваат тие.

Европската унија испрати формална жалба до Велика Британија, но не доби задоволителен одговор, посочуваат од Брисел.

Споровите пред СТО започнуваат со формални 60-дневни консултации на конфликтните страни. Доколку не го реши спорот со Лондон, ЕУ може да побара пресуда од панелот на СТО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарско сценарио за Србија – Милановиќ: Нема…

Порака на Милановиќ до Белград: Србија вака…

Ковачевски повтори: И покрај сите потешкотии ЕУ…

Граѓаните на Македонија заслужуваат најголем кредит, бидејќи…

Борел ја предупредува ЕУ: Сфатете ги сериозно…

Европската унија треба сериозно да ја сфати…

Косово во ЕУ без визи од почетокот…

Амбасадорот на Германија во Косово, Јорн Роде…

ЕУ ќе воведе нови санкции за Русија…

Европската унија ќе воведе нови санкции, лични…