Падна првиот снег во Словенија

На врвот Кредарица, недалеку од Триглав, каде моменталната температура е три Целзиусови степени, веќе наврнаа 10 сантиметри снег.
Снег паѓа и на Канина каде во седум часот утрото паднаа три сантиметри снег.
Првите снегулки веќе се измешаа со капки дожд на Крвавац, Вршич и Уршља Гора.
Снежните врнежи во Кредарица се придружени со силен северен ветер со налети до 70 километри на час, кој предизвикува снежни виулици, јавува порталот 24ur.
Денешните врнежи од снег на таа планина ја прекинаа низата од 103 дена без снежна покривка.
Инаку на 25 јуни 2018 година обилни снежни врнежи на почетокот на лето се забележани исто така на врвот Кредарица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Словенија ѝ донира 1,5 милиони евра на…
Словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон…
Од среда дожд и снег!
До вторник до крајот на денот ќе…
И Фајон ни порача: Трнлив ви е…
Годинава е исклучително важна за проширувањето. Ги…
Поради снегот Бугарија прогласи вонредна состојба во…
Две лица загинаа во Бугарија, а едно…
Најстудено е во Берово и Крушево, а…
На Попова Шапка попладнево е најстудено, минус…