Пазар во четири очи: Зошто Мицкоски побара тет-а-тет средба со Ковачевски, што ли крие од своите најблиски соработници?

Инсистирањето на тет-а-тет средба на Христијан Мицкоски со Димитар Ковачевски отвори сомнеж и беше протолкувано од пошироката јавност, дека претседалот на ВМРО-ДПМНЕ сака да договара нешто тајно со премиерот без тоа да го знаат барем дури и најблиските соработници на Мицкоски од партијата.
Ваквиот настап на Мицкоски остава сомнеж дека тој на оваа средба не сака сведоци, и очигледно нема доверба ниту во своите најблиски соработници.
-„Средба во тимови е повеќе ПР-егзибиција, да поминат неколку часа разговори на оваа или на онаа тема, да излеземе пред новинарите, да дадеме изјави и, практично, освен спектакл за јавноста, воопшто ништо нема да значи таа средба. Јас, напротив, сметам дека во овие моменти, кои се суштински за државата, е потребно на следната лидерска средба да излеземе со некаков заклучок“, изјави Мицкоски.
Прашањето кое се поставува е дали на таа средба ќе се бара или нуди нешто непринципиелно, нешто што ако се дознае ќе предизвика срам и дискредитација за него, а со тоа во целост Мицкоски ја губи доверба во очите на јавноста.
Тој и во минатото бараше и инсистираше на ваков формат.
Мицкоски воспостави пракса откако Ковачевски седна на премиерската фотеља постојано јавно да моли за лидерска средба, и постојано бара шанса приватно и во четири очи да се види, преговара и договара нешто лично со премиерот.
Овој пат дури ја условува средбата со тоа, што е преседан.
Шпекулациите одат од крајноста дека барањето за средба во четири очи и тајноста на истата е поврзана со приватни и лични бизниси од типот концесии за хидроцентрали, лиценци за марихуана, крупни тендери, подизведувачи во големи градежни проекти како автопатиштата, поделба на “пленот” при евентуална градба на клиничкии или слично или пак е поврзано решение за прашањето за промена на Уставот. Сепак со постапката се простор за шпекулации дека има нечесни намери штом толку инсистира на само четити очи.
Од друга страна и за Ковачевски состанокот во четири очи предизвикува проблеми бидејќи ДУИ се сомневаат дека станува збор за нудење тајна коалиција на сметка на партијата, а со тоа да се креира тензија во коалицијата.
Втор проблем за Ковачевски е што во услови кога ВМРО-ДОМНЕ на анкетите има предност за него може да создаде шпекулации дека преговара за лични привилегии за со цел да си купи личен мир после изборите, кои евентуално би ги загубил, а сето тоа на терет на партијата и државата.
Ова инсистирање остава сомнеж и ќе предизвика шпекулации дека сака да испорача парична “точка на топење” која не сака да ја споделува со партиските првенци кои сам ги избрал.
Ваквиот начин често го практикуваше во минатото со Заев, па така се роди едно ново бизнис пријателство и пријателство од интерес кое и ден денес опстојува цвета и се развива, а кое ја роди идејата за коалицијата ВМРО-ДПМНЕ – СДСМ.
Проблематично е и тоа што тој изјавуваше дека се знае исходот од средбата, дека нема да попушти за уставот. Тогаш ако е така, зошто не отиде и да ја почне и заврши средбата со тимовите онака како што јавно говореше. Дали јавна или тајна, Мицкоски ак има бетонирана позиција треба да е исто.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шешељ: Ќе договориме пакт со Унгарците и…
Стотици – според некои проценки, илјадници –…
Надворешно-политичките, безбедносните, одбранбените и економските предизвици на…
Предизвиците со кои се соочува ЕУ, нејзините…
Маск им дава милион долари на гласачите…
Милијардерот Илон Маск подели чекови во вредност…
Трамп воведува царини за сите земји: Тоа…
Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата изјави…
Левица бара плата до 5-ти и породилно…
После, за нас, неразумниот и неодговорен ‘платен…