Пак се буричка во Уставот? Пендаровски се сретна со уставните судии од Македонија и Бугарија

t

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегации на Уставните судови на Република Македонија и на Република Бугарија.

На средбата, како што соопшти Кабинетот на шефот на државата, се разговараше за севкупната соработка меѓу уставните судови на двете држави, при што претседателот Пендаровски изрази поддршка за нивните иницијативи и го поздрави потпишувањето на Меморандумот за соработка меѓу двата суда, потпишан на македонски, на бугарски и на англиски јазик.


На средбата претседателот Пендаровски посочи дека работата на уставното судство е клучно во изградбата на функционална правна држава и заштита на човековите права. На средбата се разговараше и за можноста за воведување на уставна тужба во двете држави, се наведува во соопштението.

Претседателот Пендаровски, како што се наведува во соопштението, истакна дека Бугарија, како држава членка на ЕУ, има искуство во функционирање во сложен правен поредок и оттаму нивното искуство во соработката со Судот на правдата на ЕУ ќе биде од голема корист за евроинтегративниот процес на Македонија. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украинец од Харков уапсен во хотел во…

На 05.07.2022 година во 01 часот во…

(Видео) Се вжештува атмосферата пред Влада

Се вжештува атмосферата пред Владата. Иако во…

Познат е новиот ковид биланс, бројот на…

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје,…

Средба на Пендаровски со претседателот на Европскиот…

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со…

Левица: Во 19:00 часот се гледаме пред…

,,СОГРАЃАНИ, ПАТРИОТИ, МАКЕДОНЦИ - ПРОТЕСТИТЕ ЗА ОДБРАНА…