Пак сме на 90 денари! – Бензините поскапуваат за 2,5 денари, дизелот за 3 денари

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 2,5 денари за литар, а цената на дизелот се зголемува за три денар за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 88,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 90,5, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 90 денари за литар.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 2,5 денари за литар, и ќе изнесува 87,5денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 1,3 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и сега ќе се продава за 53,6 денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Пробугарската Влада ги жртвува Македонците и…
На петтиот ден од сенародниот протест, на…
Еве кој бара да го прифатиме францускиот…
Сегашниот претседател на Европскиот совет Шарл Мишел…
Како пред референдумот – пак се јави…
Северна Македонија повторно се наоѓа пред клучен…
ПОЧИНАА 2 ЛИЦА: Регистрирани 355 нови случаи…
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје,…
Михајловски: Не е точно дека не можеме…
Не е точно дека не можеме да…