Паланчанец лажно се претставувал како вработен во МВР – Земал скоро 1800 евра за да издаде возачка дозвола на штипјанец

Полициски службеници од СВР Скопје – ЕВР Ѓорче Петров го лишиле од слобода Б.Р. (28) од Крива Паланка, со престој во Скопје.
Како што соопшти МВР, тој се сомничи дека довел во заблуда лице од Штип, лажно претставувајќи се како вработен во МВР и му ветил дека може да му извади лиценца за обезбедување и возачка дозвола без полагање, при што во два наврати му земал вкупно 1782 евра.
При претрес во домот во кој престојува во Скопје, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело.
Тој бил приведен и задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Две жени се повредени во сообраќајка, завршиле…
МВР извести дека вчера во 15.50 часот…
Кривична пријава за „оштетување и неовластено навлегување…
СВР Скопје - Единица за економски и…
Полицајци од Штип малтретирале приведен маж
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…
Претрес на МВР во демиркаписко, пронајдена муниција…
Како резултат на заеднички преземени мерки и…
МВР “тресеше” во Слупчане: Пронајдени оружје и…
Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-…