Паника во Молдавија: Серија дојави за поставени бомби ја крена полицијата на нозе

Полицијата во главниот град на Молдавија Кишињев истражува серија закани со бомби упатени денеска на различни локации, вклучително и во Врховниот суд на земјата и меѓународниот аеродром, соопштија властите.
Закани за бомби се упатени и во трговски центри, болници и други медицински установи, соопшти полицијата.
На денешните закани им претходеа повеќе од 40 слични инциденти кои во јули ја зафатија оваа земја, која не е дел од Европската Унија. Повеќе од половина беа за аеродромот во Кишињев и предизвикаа сериозни прекини во опслужувањето.
Ниту една од десетиците закани упатени неодамна против Молдавија, која се граничи со Украина, не беа вистински. Не е пронајден експлозив и се уште не е покренато обвинение. Сепак, безбедноста на аеродромот е засилена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пронајдена опасна рачна бомба во Кривопаланечко! Апел…
ДЗС: Пронајдена опасна рачна бомба во Кривопаланечко…
(Фото+видео) Дојава за бомба за време на…
Дојава за бомба во спортскиот центар Јане…
„Гаспром“ соопшти дека од 1 јануари ќе…
Рускиот енергетски гигант Гаспром денеска соопшти дека…
Втор круг претседателски избори во Молдавија
Во Молдавија утрово беа отворени избирачките места…
Молдавија бира претседател и дали сака да…
Според молдавскиот закон, претседателските избори ќе бидат…