Паника во Русија: Османи најави македонски санкции

t

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на ТВ Алсат синоќа најави дека и „Македонија ќе биде дел од санкциите на ЕУ против Русија“.

Тој нагласи дека од овој конфликт требало да се стравува уште пред две години, откако не бевме дел од НАТО. Османи нагласи и дека во случај на конфликт во Европа, ќе имаме импликации во однос на гасот и нафтата и покачување на цените.


Руско-украинскиот конфликт ќе влијае на импликацијата на гасот и нафтата и во Европа ќе има зголемување на цените. Исто така, сакам да додадам дека ние како држава сме дел од санкциите на ЕУ кон Русија и 100 отсто сме во хармонизација со Европската Унија“, рече Османи во ТВ емисијата 200.

Инаку ЕУ вчера попладне едногласно донесе одлука за санкции против Русија по завчерашната одлука на Москва да ја признае независноста на двата региона во источна Украина, Донецк и Луганск.

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел на прес-конференција вчера изјави дека санкциите на ЕУ ќе бидат насочени против 27 лица и субјекти. Тој ги спомена руските пратеници кои поддржаа признавање на отцепените региони, како и банки кои ги финансираат носителите на клучните одлуки и нивните операции во Донбас.

Санкции претходно објави и Велика Британија, како и Германија која посочи дека го стопира гасоводот „Северен ток 2“.

Синоќа и американскиот претседател Џо Бајден најави санкции за двете најголеми руски финансиски институции – ВЕБ и Руската воена банка. Покрај тоа, тој најави санкции за руската елита и членови на нивните семејства, како и дека „делови од руската економија ќе бидат отсечени од меѓународните финансиски системи“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Захарова: Нека побараат од Украина да им…

Британските власти треба да бараат од украинската…

Шокантно тврдење на Ненад Чанак: Русија планира…

Според политичарот од Војводина, Москва би го…

Москва: Украинската армија нападна нафтена платформа во…

Руските медиуми објавија дека украинските сили нападнале…

Литванија ќе продолжи да го блокира Калининград

Јасно ѝ кажав на претседателката на Европската…

Русија: Во Киев погодивме фабрика за оружје,…

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека…