Панихида за загинатите припадници на безбедносните сили во „Диво Насеље” во Куманово

t

Денеска се навршуваат седум години од вооружената престрелка во кумановско „Диво Насеље” на 9 и 10 мај 2015 година, во која загинаа осум припадници на безбедносните сили.

Во Соборниот храм „Свети Никола” во организација на група бранители од Куманово, денеска се одржа панихида во чест на загинатите припадници на безбедносните сили во настаните од „Диво Насеље”.

Кумановци порачаа дека со тага и болка се сеќаваат на овој датум.

Во „Диво насеље“ во настаните од 9 и 10 мај 2015 животот го загубија Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ, кои посмртно се одликувани со медали за храброст.

Два дена градот живееше во неизвесност и страв во 28 часовните престрелки. исклучително трагичниот настан засекогаш ќе остане во сеќавање на кумановци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Меџити го изгоре Мицкоски: Требаат уште шест…

Изет Меџити и други приврзаници на т.н.…

Левица од Атина: Грција и Бугарија мораат…

Грција и Бугарија мора да ја признаат…

Само со пријава ќе може да се…

Ние ќе бидеме таму за да воспоставиме…

МВР најостро ги осудува лагите дека бугарска…

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира…