Папата Франциск: Смртта на мигрантите е неприфатлива и речиси секогаш може да се избегне

t

Смртта на мигрантите во Медитеранот е „неприфатлива и речиси секогаш може да се избегне“, изјави денеска папата Франциск и повторно ги повика политичарите од регионот да изнајдат „вин-вин“ решение за проблемот.

– Неможноста да се најдат заеднички решенија (за миграцијата) продолжува да води до неприфатливи човечки смртни случаи, кои речиси секогаш може да се избегнат, особено во Медитеранот, изјави папата Франциск на конференција за надворешна политика Римско-медитеранскиот дијалог, .

Според него миграција во Европа „не може да се запре“ и затоа ги повика сите земји во регионот да најдат решение што може „да биде од корист за сите, гарантирајќи го и човечкото достоинство и заеднички просперитет“.

Миграцијата е жешка политичка тема во Европа со години, при што владите прибегнуваат кон сè построги политики за да го запрат бранот мигранти и баратели на азил од Северна Африка и од Блискиот Исток.

Еден од првите акти на новата италијанска десничарска Влада на премиерката Џорџа Мелони беше одбивањето на брод со мигранти и истиот беше пренасочен кон Франција. Случајот предизвика жесток спор меѓу Рим и Париз.

Според податоците на Агенцијата за бегалци на Обединети нации околу 136.500 мигранти годинава пристигнале во Европа преку Средоземно Море. Повеќе од 1.800 луѓе загинале или исчезнале обидувајќи се да стигнат до Европа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во среда ќе нема струја од 4…

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре…

Хидранти нема ни во Совет на Општина…

Кумановските советници не дај Боже ќе изгорат…

(Фото) Тешка сообраќајна несреќа во Топанско Поле!

Тешка сообраќајна несреќа доцна вечерва се случи…

Во 59 минута најтажниот громогласен аплауз во…

На почетокот од 59. минута од вечерашниот…

Селективна правда втор дел? Зошто актуелни функционери…

Фејсбук страницата Bella Ciao продолжи да ги…