Папата Франциск со порака до рускиот патријарх: Бог е мир и не нè води по патот на војна
Папата Франциск, во Астана истакна дека Бог не ја насочува религијата кон војна, а медиуми пишуваат оти станува збор за имплицитна критика до рускиот православен патријарх Кирил, кој ја поддржува руската воена операција во Украина и ја бојкотираше конференцијата на верските водачи во Казахстан.
На вториот ден од престојот во Казахстан, папата Франциск се обрати на Седмиот конгрес на лидерите на светските и традиционалните религии, собир каде присуствуваат христијани, Евреи, муслимани, будисти, хиндуси и лица од други вери.
Требаше да присуствува и патријархот Кирил, но, тој ги откажа учеството, а Руската православна црква, сепак, испрати своја делегација.
Бог е мир. Тој секогаш нè води по пат кон мирот, никогаш по патот на војната. Во време обележано со неволјите на војната, неопходен е чекор напред што мора да дојде од нас – истакна папата, не спомнувајќи ја директно ситуацијата во Украина.
Тој додаде дека самата осуда на екстремизмот не е доволна…
Сè додека се шират нееднаквоста и неправдата, нема да има крај на вирусите дури и полоши од Ковид-19, вирусите на омразата, насилството и на тероризмот – изјави папата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се урна хотел во Германија: Едно лице…
Едно лице е пронајдено мртво, а осум…
Нигеp ги пpекинува дипломатските односи со Укpаина
Нигер ги прекинува дипломатските односи со Украина…
Можно е враќање на средното полициско училиште
Министерството за внатрешни работи вчера, на владина…
Курсна листа: Еве колку чинат валутите денес
Според курсната листа на НБРМ средниот курс…
Денеска се празнува Успение на праведна Ана,…
Мајка на Пресвета Богородица. Денес се празнува…