Парно ќе има, грејната сезона почнува на 15 октомври: Се договорија ЕСМ и Адора

t

АД ЕСМ и Адора постигнаа договор за закуп на топланите во сопственост на Адора, кои ќе се користат од страна на АД ЕСМ во процесот на обезбедување парно греење за градот Скопје. Договорот меѓу двете компании ќе важи од 1 октомври до 30 април наредната година, информираат од Владата.

-Договорот за закуп е со трајност за времетраење на грејната сезона 2022/23 година. Закупнината е дефинирана според постоечката цена утврдена од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), соопшти попладнево ЕСМ.

Грејната сезона почнува од 15-ти октомври.

Владата уште претходно го задолжи АД ЕСМ – Скопје да основа три трговски друштва со ограничена одговорност што ќе вршат производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија за подрачјето на Град Скопје. Електростопанство на Македонија ќе биде основач и единствен содружник на друштвата, а ваквиот чекор следи откако Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ) ги одзеде трите лиценци на компанијата БЕГ за производство, диструбуција и снабдување со топлинска енергија.

Компанијата „Адора инженеринг“, во чија сопственост се топланите Исток и Запад, пред неколку дена соопшти дека е согласна, доколку се изнајде модел за да се подмират нивните побарувања, да се премине кон краткорочен договор за закуп со АД ЕСМ до моментот на реализација на сите потребни услови за купопродажба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Османи тврди: Историската комисија со Бугарија не…

Најодговорно тврдам дека македонско-бугарско историска Комисија не…

Британско разузнавање: Се намалува поддршката за Русија…

Британското Министерство за одбрана во најновиот извештај…

Албанскиот претседател: Го замолив Папата да го…

Албанскиот претседател Бајрам Бегај, кој беше во…

Османи повикува да се здружиме и да…

Наредните години се години на расчистување конечно…

Бугарската еврокомесарка ѝ се налути а Холнандија:…

Бугарската еврокомесарка, Марија Габриел, ја коментираше одлуката…