Патиштата низ државата не се безбедни, а патрините се меѓу најскапите во регионот!

t

Одрони, свлечишта, кратери на коловози, ваква е состојбата на патиштата низ државата по секои врнежи, без оглед дали се мали количини на воден талог или обилни дождови, вели Дејан Трпевски, судски вештак за сообраќај во гостување во Телма.

Патиштата низ Македонија се небезбедни, старите малку нѐ одржуваат, новите се лошо изведени, а граѓаните и за ваква патна инфраструктура плаќаат патарини. Експертите велат дека не е проблемот во планирањето и проектирањето, туку тоа што државата нема контрола врз инвеститорите и изведувачите, кои во трка за профит при градбата на новите делници најчесто импровизираат

НЕМАЊЕ ФУНКЦИОНАЛЕН СИСТЕМ, ИНСТИТУЦИИТЕ НА ДРЖАВАТА КОИ ШТО СЕ ЗАДОЛЖЕНИ ЗА КОНТРОЛА НА ПРОЦЕСОТ НА ИЗВЕДУВАЊЕ НЕ ПОСТАПУВААТ, ТОА Е ПРЕПУШТЕНО НА ИНВЕСТИТОРОТ, МНОГУ СЕ РЕТКИ КОНТРОЛИТЕ, И КОГА ИМА КОНТРОЛА ТИЕ СЕ ПРОФОРМА, А ИЗВЕДУВАЧИТЕ ТОА ДОБРО ГО ЗНААТ И НЕМА КОНТРОЛА, И ДА ИМА ЛЕСНО ЌЕ ПОМИНАТ, И ЗАТОА НЕ СЕ ПРИДРЖУВААТ СЀ ДА СЕ НАПРАВИ КАКО ШТО ТРЕБА, ВЕЛИ ДЕЈАН ТРПЕВСКИ, СУДСКИ ВЕШТАК ЗА СООБРАЌАЈ.

Пример за лоша изведба е и новиот автопат Штип-Миладиновци, каде се појавуваат свлечишта и одрони, кои државата ќе ја чинат дополнителни 750 илјади евра за санација. Трпевски вели дека тоа најчесто се должи на лошо изведени потпорни ѕидови и дренажни канали. Најверојатно и вчера на Плетвар не е почитувана проектната документација. Решенија има, но потребна е политичка воља, вели Трпевски.

СЕКОГАШ ДОЦНИМЕ, СЕКОГАШ ДЕЛОВАМЕ ОТКАКО НЕШТО ЌЕ СЕ СЛУЧИ. ТАКОВ Е СИСТЕМОТ, СЕ ДОДЕКА НЕКОЈ НЕШТО НЕ РАБОТИ, ИНСТИТУЦИИТЕ НЕ СЕ АНГАЖИРААТ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА КОНТРОЛИ. ДА ИЗЛЕЗЕ ИНСПЕКЦИЈА НА ТЕРЕН 70 ПОСТО ОД ГРАДИЛИШТАТА ЌЕ СЕ ЗАТВОРАТ ЗАТОА ШТО НЕ ИСПОЛНУВААТ УСЛОВИ. СЕКАДЕ ИМА ФАЛИНКИ И ОПАСНИ НЕДОСТАТОЦИ, ВЕЛИ ТРПЕВСКИ.

Штетите како онаа на Плетвар не се големи за изведувачот, но се непроценливи за стопанството и граѓаните, кои вчера заглавија на делницата што беше блокирана, вели Трпевски. Транспортерите доцнеа навреме да ја достават стоката, луѓето не стигнаа на време до крајната дестинација. Југозапана Македонија беше отсечена од главниот град цели 9 часа.

Извор: Телма

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патиштата низ државата не се безбедни, а…

Одрони, свлечишта, кратери на коловози, ваква е…

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено…

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено…

Ноќно обележување на надолжни линии и такси…

Екипи на Јавното претпријатие Улици и патишта…

Возете внимателно: Ова е извештајот за состојбата…

ИЗВЕШТАЈ ЗА СОСТОЈБА НА ПАТНИ ПРАВЦИ И…

Бидете внимателни: Еве каде има работа на…

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива…