Патронат на Општина Кисела Вода – „Св. Ѓорѓија – Низ приказната за Кисела Вода”
Општина Кисела Вода денеска го прославува својот патронат. Годинашното празнување насловено „Св. Ѓорѓија – Низ приказната за Кисела Вода” ќе се одвива пред Домот на култура „Билјана Беличанец” во Кисела Вода.
– Програмата содржи низа културно-забавни случувања кои ги допираат сите генерации. Во Домот на културата ќе биде отворена изложба на плакати и фонтови од Лазе Трипков и Ласко Џуровски, детската актерска екипа од „Дајте музика”, од училиштето за деца актери на Весна Бејби Петрушевска, ќе изведе театарска претстава во чест на Горан Стефановски, музичко-сценски настап ќе има Виктор Апостоловски – „Супермен”, а за крај е предвиден музички сет на Ди Џеј Манов, соопштија од Општина Кисела Вода.
Во рамки на настанот, здружението „Гоу Грин” ќе има еко перформанс на кој активистите од оваа организација ќе возат велосипеди, а струјата што на тој начин ќе ја произведат ќе се искористи за озвучување на настанот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Курсна листа на НБРМ: Колку чинат валутите…
Според курсната листа на НБРМ средниот курс…
Вчера имало вкупно 48 пожари, 13 се…
Во текот на вчерашниот ден, петок, 16.08.2024…
Почесна артилериска стрелба по повод Денот на…
По повод Денот на Армијата – 18…
Црвен метео аларм во цела Србија поради…
Републичкиот хидрометеоролошки завод предупреди дека во Србија…
Денеска се празнуваат Светите седуммина младенци во…
Во времето на царот Декиј имаше големо…