Пашинјан: Нема да поднесам оставка

Во никој случај нема да поднесам оставка, изјавил премиерот на Ерменија, Никола Пашинјан, на средбата со неговите соработници, која била организирана како резултат на настаните во Нагорно Карабах, пишува весникот „Грапарак“.
„Кога илјадници граѓани протестираа на плоштадот „Република“ барајќи оставка од Пашинјан, Никол Пашинјан собра тесен круг претставници на партијата „Граѓански договор“. На своите соработници индиректно им стави до знаење дека во никој случај нема да ја предаде власта и дека по секоја цена ќе ја задржи“, пишува весникот.
Во написот се тврди дека веројатно затоа полицијата употребила сила и шок бомби против демонстрантите.
Ерменската полиција вчера уапси 30 лица кои учествуваа на демонстрациите во Ереван и бараа оставка од премиерот Пашинјан, а конфликтот се случи пред зградата на ерменската влада во центарот на Ереван.
Судирите започнале кога група демонстранти фрлале камења, шишиња и јајца кон полицијата и зградата на Владата. На митингот, ерменската опозиција најави дека ќе се формира Национален комитет кој ќе ги координира активностите за отстранување на премиерот Пашинјан и неговата влада од власт.
Министерството за одбрана на Азербејџан во вторникот објави дека Баку започнал антитерористичка операција од локален карактер во Нагорно Карабах за да го врати уставниот поредок. Со посредство на руските мировници, властите на Нагорно-Карабах во средата на 20 септември го прифатија предлогот за прекин на огнот од 11 часа, соопштија властите на непризнатата република. Министерството за одбрана на Русија потврди дека Азербејџан и Карабах се договориле за целосен прекин на огнот.
Конфликтот во Нагорно-Карабах
Нагорно-Карабах е регион во Закавказ кој долго време е предмет на територијален спор меѓу Ерменија и Азербејџан. Мнозинството од населението во Нагорно-Карабах се Ерменци. Во 1923 година, регионот доби статус на автономен регион во рамките на Азербејџанската Социјалистичка Советска Република. Во 1988 година се појави движење за обединување со Ерменија, а на 2 септември 1991 година беше прогласена независност од Азербејџан и името се смени во Република Нагорно-Карабах. Од 1992 до 1994 година, Азербејџан се обиде да ја стави под своја контрола самопрогласената република. Станува збор за вистински воени акции при кои загинаа до 30.000 луѓе. Во 1994 година, двете страни постигнаа договор за прекин на огнот, но статусот на републиката не беше решен. На крајот на септември 2020 година, борбите продолжија во Нагорно-Карабах. Ноќта на 10 ноември Азербејџан и Ерменија со поддршка на Москва постигнаа договор за целосен прекин на огнот, силите да останат на позициите што ги заземаа и размена на заробеници и тела на загинатите. Руски мировници се распоредени во регионот, вклучувајќи го и коридорот Лацин.
Минатата година Ереван и Баку со посредство на Русија, САД и ЕУ започнаа преговори за идниот мировен договор.
Претходно, на крајот на мај 2023 година, Пашинјан изјави дека неговата земја го признава суверенитетот на Азербејџан заедно со територијата на Карабах, на вкупна површина од 86,6 илјади квадратни километри. Азербејџанскиот лидер Илхам Алиев изјави дека Баку и Ереван наскоро можат да потпишат мировен договор, доколку Ереван не го промени ставот.
Рускиот претседател Владимир Путин на седницата на Источниот економски форум изјави дека ерменското раководство всушност го признава суверенитетот на Азербејџан над Нагорно Карабах. Претседателот истакна дека тоа не е одлука на Русија, туку на ерменските власти. Истовремено, тој најави дека е во контакт со Пашинјан и дека нема никакви проблеми во комуникацијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Автомобил удри во мечка со мали…
Доцна вечерва на локалниот пат Тетово -…
Американската дипломатија е сигурна дека Мицкоски нема…
Американската дипломатија е сигурна дека Мицкоски нема…
ОБСЕ е спасена
ОБСЕ е спасена. Со овие зборови Претседавачот…
Вучиќ: ЕУ ќе ја затвори вратата за…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Дубаи…
Лавров: Во Европската унија нема демократија туку…
Во Европската унија нема демократија туку „дисциплина…