Паѓа цената на нафтата на светските берзи

t

Цените на нафтата денеска на меѓународните берзи се намалија под 91 долар за барел поради стравувањата дека зголемувањето на каматните стапки во САД ќе предизвика рецесија, што ќе ја задуши побарувачката на нафта.

На лондонската берза цената на барел нафта за испорака во ноември се намали за 1,18 долари во споредба со вчера и се тргуваше за 90,82 долари.

На американската берза барел нафта за испорака во октомври поевтини за 1,31 долари и се тргуваше за 84,42 долари. Додека цената на барел нафта за испорака во ноември се намали за 1,33 долари во споредба со вчера и се тргуваше 84,03 долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јандриоски до политичарите: Не пишувајте утешителни статуси…

Политичарите во Македонија побрзаа на Фејсбук да…

Ашковски разочаран: Заслужувме многу повеќе од двата…

Очекувано не можеше да се сокрие разочарувањето…

Борисов за иссвиркувањето на бугарската химна: Соседите…

Поранешниот премиер на Бугарија, Бојко Борисов го…

И покрај поразот Милевски смета дека сме…

Македонија вечерва го загуби последниот натпреват во…

(Видео) За малку ќе беа “пошљакани”: Тензијата…

Фудбалскиот натпревар меѓу Македонија и Бугарија кој вечерва се играше на…