Пелоси во Ерменија ги осуди „нелегалните напади“ на Азербејџан
Претседателката на Претставничкиот дом на Американскиот конгрес, Ненси Пелоси остро ги осуди „нелегалните напади“ на Азербејџан на ерменската територија долж границата, а за време на нејзината посета на рускиот воен сојузник вети американска поддршка за ерменскиот суверенитет.
Пелоси во Ереван рече дека нејзината посета е особено важна по „нелегалните и смртоносни напади на Азербејџан на ерменска територија“.
Повеќе од 200 луѓе загинаа во судирите долж границата во последните денови.
„Силно ги осудуваме овие напади. Азербејџанците го започнаа тоа и мора да се признае“, рече Пелоси.
Таа истакна дека е јасно дека граничните конфликти се предизвикани од нападите на Азербејџан врз Ерменија и дека хронологијата на конфликтот е јасна.
„САД ја слушаат Ерменија за нејзините одбранбени потреби“, рече Пелоси, додавајќи дека Вашингтон сака да и помогне и да ја поддржи Ерменија како дел од глобалната борба меѓу демократиите и автократиите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Внимавајте: Портокалово ниво на опасност, денеска до…
Портокаловото ниво за опасност од високи температури…
Драматични слики од Грција: Пожарот зафати околу…
Пожарникарите во Грција повеќе од 24 часа…
ЕУЛЕКС: Ја следиме безбедносната ситуација во Косово
Мисијата ЕУЛЕКС, во согласност со својот мандат,…
Зеленски: Киев ги зазеде областите од каде…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Москва…
Исчезна девојка од Скопје, имала здравствени проблеми
На 11.08.2024 во 14:00 часот во Полициската…