Пендаровски го откри планот? Ако нема двотретинско мозинство до крајот на годината следниот парламентарен состав ќе го менува Уставот!

Претседателот на државата Стево Пендаровски смета дека доколку нема двотретинско мнозинство за уставните измени до крајот на годината, за нив треба да одлучува идната коалиција и новиот парламентарен состав.
-Јас сум тој првиот кој јавно рече јас сум за францускиот предлог бидејќи тоа не ја руши Македонија. И јас ќе бидам до крај за тоа да ги направиме уставните промени час поскоро. Не бегам од тоа. Втората страна е, ако немаме шанса да дојдеме две третини, ако под претпоставка не можеме да го направиме ова првото денес, утре, задутре… до крајот на годината, да ја мавнеме таа работа, да ја ставиме ад акта и да му дозволиме на утрешниот парламентарен победник и коалиција да се занимава со тоа прашање. Бидејќи знаете со сила убавина не бива, рече Пендаровски во интервју за Вин-Вин на ТВ Телма.
Христијан Мицкоски претходно во неколку наврати повтори дека не е против внесување на Бугарите во Уставот, но дека тоа ќе се случело доколку добие некакви гаранции од ЕУ. Во јавноста се погласно се зборува дека Мицкоски веќе договорил гласање на уставните измени, доколку не во овој состав, тогаш во следниот парламентарен состав каде уставните измени би се гласале во меѓупериодот пред формирање на Владата за членството на ВМРО-ДПМНЕ за четири години да заборави а уставните измени, па да биде намалена политичката штета за следните избори…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски ги замолил Грција и Бугарија за…
Христијан Мицкоски барал безусловна поддршка од Грција…
Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите…
Популарниот гастрономски портал за храна и патувања,…
Рекорден пад на вработените во текстилниот сектор…
Текстилниот сектор во Македонија се соочува со…
(Видео) Oдбраната на Мицевска со која обезбеди…
Голманката на македонската репрезентација Јована Мицевска беше една од…
Државата денеска се задолжува со уште 89…
За денеска се закажани две аукции на…