Пендаровски: Декларацијата за Гоце Делчев е непотребно политизирање

t

Предлозите 4+1 во преговорите со Бугарија не се ризични, смета претседателот на државата Стево Пендаровски.

Според него, со доаѓањето на Петков и новата динамика во дијалогот мѓу двете страни не се става предоминантен фокус на историските прашања.


Говорот на омраза, положбата на малцинствата без мешање во внатрешните работи на двете држави, заедничкото чествување на историски фигури и периоди битни и за Македонците и за Бугарите, се неколкуте точки кои се преостанати. Она што е добро е што со доаѓањето на Петков и променетата методологија на разговарање, двете страни не даваат предоминантен фокус на историските прашања, туку се потпираат на инфраструктурните и енергетските поврзувања, на соработката во економијата, образованието, медиумите,…, истакна Пендаровски во вечерашното гостување во днедвникот на ТВ Сител.

Претседателот не гледа ништо спорно во Декларацијата за Гоце Делчев, но оценува дека со неа само се влегува во непотребна политизација.

Ја имам видено Декларацијата. Не е спорна. Но, ми се чини дека прво тоа личи на програма за чествување на ликот и делото на Делчев што е неспорно и не треба да биде политичка декларација околу која ќе се усогласуваме. Практично, се влегува во непотребна политизација. Ние генерално кажуваме дека јазикот и идентитетот се надвор од резон за разговори и Гоце Делчев влегува во тој дел, а чествувањето треба да се направи час поскоро и треба да имаме што повеќе манифестации по тој повод, порача Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претседателот Стево Пендаровски упати честитка по повод…

Претседателот Стево Пендаровски упати честитка по повод…

Пендаровски: Јас се надевам дека во блиска…

„Златната божица“, најпрестижниот трофеј во светот, вчера…

Пендаровски оствари средба со шведската амбасадорка Кристин…

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими шведската…

Пендаровски по повод 16 Мај: Да создаваме…

Овој датум нè потсетува дека нема простор…

Средба на претседателот Стево Пендаровски со австриската…

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Каролине…