Пендаровски на средба со евроамбасадорот Гир

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими шефот на делегацијата на Европската Унија во Македонија, амбасадорот Дејвид Гир.
На средбата соговорниците разговараа за политичките случувања во земјата во пресрет на формирањето на новата влада, како и за очекувањата и можностите за напредок во однос на европските перспективи на Македонија.
Во тој контекст, претседателот Пендаровски истакна дека Македонија останува фокусирана на европската агенда и подготвена за дијалог со Република Бугарија во насока на надминување на постоечката состојба. Истовремено, претседателот Пендаровски констатираше дека валоризирањето на напредокот на нашата држава и почетокот на пристапните преговори, согласно препораките на Европската Комисија, ќе претставува дополнителен поттик за реформските процеси, посебно во клучните сфери како борбата против високата корупција и владеењето на правото.
На средбата беше посочено дека почетокот на пристапните преговори со Европската Унија значително ќе се одрази и на регионалната соработка, стабилноста и напредокот на регионот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Американски топ дипломат го уништи Христијан…
Заменикот на државниот секретар на САД, О'Брајан…
Ќе има ли средба Блинкен-Лавров во Скопје?
Американската страна не побарала средба меѓу рускиот…
Дискусија за заедничко дејствување против климатските промени…
Претседателот Стево Пендаровски утре ќе се обрати…
Ковачевски: ДПМНЕ го кочи европскиот пат на…
Одговорноста има име и презиме, тоа е…
Срдечна средба на Ковачевски со Александар Сорос
Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на Парискиот…