Пендаровски: Нека молитвите кон Пресвета Богородица ги стоплат нашите срца и нѐ облагородат со смирение

t

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, упати честитка до сите верници од православна вероисповед во Република Македонија.

-Од сѐ срце ви посакувам празникот посветен на Пресвета Богородица да го поминете во добро здравје, исполнети со радост и среќа. Токму Успение на Пресвета Богородица попознат меѓу народот како Голема Богородица, како еден од неколкуте празници посветени на Мајката Божја, несомнено има долга и богата традиција на заеднички собири и прослави, наведува Пендаровски.

На овие собири, се додава, се дели трпезата, но и добриот збор и се дарува внимание и љубов.

-Имајќи ги предвид сите искушенија со кои се соочуваме, да се инспирираме од големиот празник и да останеме сплотени, единствени, солидарни и грижливи за ближните. Само така можеме да ги надминеме сите кризи и искушенија. Нека молитвите кон Пресвета Богородица, ги стоплат нашите срца и нѐ облагородат со смирение, духовност и верба во иднината. За многу години празникот, стои во честитката од претседателот Стево Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Државата е домот што можеме да го…

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, по…

За многу години: Денес се празнува Покровот…

Отсекогаш Црквата ја прославува Пресвета Богородица како…

АМСМ: Гужви на “Богородица” и “Табановце” –…

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор…

Грција ни го честиташе Денот на независноста

Честитка по повод Денот на независноста на…

Пендаровски: Нека молитвите кон Пресвета Богородица ги…

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански…