Пендаровски потпиша: Љубомир Фрчкоски е новиот амбасадор на Македонија во Обединетите нации

Шефот на државата Стево Пендаровски со указ го назначи професорот, Љубомир Фрчкоски, за амбасадор на Македонија во Ораганизацијата на обединетите нации во Њујорк.
На неговотo именување се противеше опозициската ВМРО-ДПМНЕ, блокирајќи ја работата на собраниската комисија за надворешни работи, каде Фрчковски требаше да ги презентира своите тези за оваа позиција.
Од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски потврдуваат дека претседателот со указ го назначил професорот Љубомир Фрчкоски за ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија при Организацијата на Обединетите нации во Њујорк.
-Притоа, информираме дека уште во јуни минатата година Министерството за надворешни работи побара од надлежната комисија во Собранието на Република Северна Македонија да закаже седница за презентација на тезите на кандидатот, согласно воспоставената пракса.
Пред еден месец Министерството за надворешни работи упати втора замолница до истата комисија, но претседателот на комисијата повторно одби да закаже седница, по што претседателот Пендаровски го потпиша указот, затоа што сите законски услови беа исполнети.
Имено, постапката за именување амбасадор завршува со одбраната на тезите на кандидатот пред колегиумот на Министерството за надворешни работи, а тоа Фрчкоски го има направено уште минатата година.
Индикативно е што во изминативе десетина месеци, на осум кандидати за амбасадори им беше овозможено да ги презентираат своите тези пред собраниската комисија, само за кандидатот за амбасадор при нашата мисија во Обединетите Нации таква седница воопшто не беше закажана, велат од Кабинетот на претседателот.
Извор: Фокус
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пендаровски им порача на Обединетите нации да…
Секоја година, во овој период, очите на…
(Документи)Македонската Православна Црква ќе се преименува, не…
Бидејќи се поделивме по сите основи, без…
Украински амбасадор се извини за изјавата дека…
Украинскиот амбасадор во Казахстан и се извини…
Американскиот амбасадор ги искара бугарските политичари: Ја…
Политичарите во Бугарија ја користат руската пропаганда…
Зоран Попов го помина собранискиот филтер и…
Новоименуваниот амбасадор на Република Македонија во Соединетите…