Објавено на:

Пентагон се пишмани: На Украина не и дадовме авиони туку резервни делови

t

Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, синоќа ја повлече претходно дадената изјава дека Украина бил снабдена со воени авиони од неименуван сојузник.

Додека летала со фиксирани крила биле понудени од неименувана земја за засилување на одбраната на Киев, „тие не добија цел авион од друга земја“, изјави Кирби на брифингот синоќа.

-Погрешив. Тие немаат примено цел воздухоплов од друга земја. Според тоа, Украинците со координација на САД добија доволно резервни делови и друга опрема со што беа во можност да стават во употреба повеќе со фиксно крилести воздухоплови отколку што имаа пред две до три недели, изјави тој.

Службено лице од одбраната укажа дека со овие резервни делови Украина е овозможена да додаде во својата флота 20 претходно нефункционални млазни авиони.

Украина од почетокот на војната бараше помош во авиони, посебно ловци Миг, коишто нејзините пилоти знаат да ги управуваат. Три земји на НАТО, Полска, Бугарија и Словачка, имаат вакви ловци.

Пред неколку недели Полска изрази спремност да и даде на Украина Миг-29 ако Вашингтон и обезбеди нови Ф-16. Но алијансата е воздржана од таков чекор поради загриженост Москва да се испровоцира и да го прошири конфликтот.

Секретарот за одбраа, Лојд Остин, вчера имаше средба во Пентагон со полскиот министер за национална одбрана, Мариус Блашчак, на која се разговарало за поддршката за Украина.

Не се дозна дали тие споменале за воздухопловите или за друга воени прашања.

-Секретарот Остин ја пофали Полска за важната и континуирана улога што ја игра во помошта за украинскиот народ да се спротивстави на инвазијата на Русија и за прибежиштето за бегалците од насилството, соопшти Пентагон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Траги-комедија: Сопругот ја пријавил за исчезната, таа…

На 22.03.2023 во Полициската станица Ѓорче Петров…

Зибери повторно ќе биде кандидат за прв…

Народниот правобранител Насер Зибери денеска во гостување…

(Видео) Елмас и Чурлинов за пет минути…

Македонија го скрши отпорот на Малта и…

Охридскиот договор падна на првиот тест: Српската…

Српска листа соопшти дека одлуката да не…

Кина ја поддржа Русија за спроведување истрага…

Пекинг стана коавтор на нацрт-резолуцијата на Москва…