Објавено на:

Песков потврди: Поранешниот германски канцелар е во Москва и можна е средба со Путин

t

Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков денеска изјави дека поранешниот германски канцелар Герхард Шредер е во Москва и не исклучува дека ќе стапи во контакт со руските власти.

„Колку што знаеме, тој е во Москва”, одговори Песков на новинарско прашање.
„Не е договорена средба, но не исклучуваме можен контакт”, додаде Песков.

Тој разговараше со новинарите еден ден откако рускиот нафтен гигант Газпром објави дека ќе го намали снабдувањето со гас за Германија преку гасоводот „Северен поток 1″ на само 20 отсто од капацитетот, оправдувајќи го со исклучување на една турбина. Германија го отфрли тоа оправдување.

Герхард Шредер некогаш беше клучна фигура во енергетските односи меѓу Русија и Германија. Тој беше германски канцелар од 1998 до 2005 година, а потоа прифати функција во Надзорниот одбор на руската државна нафтена компанија Росњефт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дуда: Запрепастен сум од преговорите помеѓу Путин,…

Запрепастен сум од сите разговори со Путин,…

Путин му го плесна: Погрешната политика на…

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека…

Дали се согласувате со Трас – Путин…

Министерката за надворешни работи на Обединетото Кралство…

(Видео) Вака не се добива војна: Руските…

Новинарот Кристофер Милер на Твитер објави видео…

Путин и Зеленски со исто гледиште за…

Дипломатски извори соопштија дека Путин и Зеленски…