Песков: Украина не сака да ги продолжи преговорите

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека нема напредок во преговорите со Украина и дека Киев не покажува никаква волја да ги продолжи.
„Преговорите не напредуваат и забележуваме целосен недостаток на волја кај украинските преговарачи да го продолжат овој процес“, рече Песков, цитиран од „Ројтерс“.
Руската новинска агенција „Интерфакс“ во вторникот го цитираше рускиот заменик-министер за надворешни работи Андреј Руденко, кој рече дека Украина „практично се повлече од преговарачкиот процес“ и дека разговорите не се во никаква форма.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ковачевски: Добро е што официјална Софија сака…
На ниво на односи помеѓу две страни…
На Таравари му е жал за ВМРО-ДПМНЕ:…
Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари…
Кремљ го демантира Џонсон: Путин му рекол…
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес ги…
72 години од смртта на Павел Шатев:…
На денешен ден, 30 јануари 1951 година,…
Пиле нема да пролета над гробот на…
Министрите за внатрешни работи на Македонија и…