Петифер: Одлуката од Истанбул е донесена за да се спречат бугарските амбиции во Охрид

t

Во морето реакции по одлуката на Вселенската патријаршија за Македонската православна црква-Охридска архиепископија се издвојува видувањето на британскиот експерт за Балканот, Џејмс Петифер.

„Одлуката од Истанбул јасно е донесена под притисок на надворешните советници на патријархот, со цел да се спречат бугарските амбиции во Охрид“, коментира на Твитер професорот по балканска историја на колеџот „Сент крос“ (Светиот крст) во Оксфорд.

„На едно ниво ова е важен чекор, но со оглед на тоа колку православни (не само Руси) сметаат дека неговиот авторитет многу сериозно е компромитиран со неканонската одлука да ја признае автокефалноста на Украинската православна црква, тоа можеби нема да биде многу. Македонската црква гледа кон Москва, која стекна голем кредибилитет во Скопје со средување на заканата од Јован и Србија пред неколку години. Патријархот нема овластувања да ги прави овие работи, само полниот Црковен собор. Си игра со оган“, вели Петифер за одлуката на вселенскиот патријарх Вартоломеј.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во среда ќе нема струја од 4…

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре…

Хидранти нема ни во Совет на Општина…

Кумановските советници не дај Боже ќе изгорат…

(Фото) Тешка сообраќајна несреќа во Топанско Поле!

Тешка сообраќајна несреќа доцна вечерва се случи…

Во 59 минута најтажниот громогласен аплауз во…

На почетокот од 59. минута од вечерашниот…

Селективна правда втор дел? Зошто актуелни функционери…

Фејсбук страницата Bella Ciao продолжи да ги…