Петков демантира: Не сум потпишал никаков документ за Македонија

t

Не сум потпишал документ од бугарска страна за Македонија, бидејќи секогаш сме се придржувале до коалицискиот договор и до постојната рамковна позиција, порача бугарскиот премиер Кирил Петков пред најавената утрешна посета на Битола.

– Ќе ја покажам силната задача на бугарската влада да ја поддржи бугарската заедница во Македонија. Верувам дека во моментов и владата на РСМ е свесна за тоа каков голем приоритет е сето ова. Заеднички работиме на покревање на приоритетот на овие луѓе во македонското општество – нагласи Петков.

Според него, фактот што утре ќе бидат толку многу луѓе од толку различни партии во Македонија покажува поддршка за бугарската заедница.

– Во исто време се надевам дека она што сите го кажавме, дека РСМ треба да биде дел од Европа, дека и од двете страни ќе се движиме позитивно во таа насока – рече Петков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Спасовски: Напредува истрагата за киднапирањето на Самоил

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели…

(Видео) Да не се налути меѓународната: Еве…

Ќе има протести против противуставните двојазични униформи…

Вечерва вонредно издание на Тешки Муабети, гостин…

Обидот за цензура значи дека сме на…

Во понеделник дожд, во вторник значително пониски…

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна…

Teрапија да ви препишеме или ќе се…

Шест милијарди долари од руски извори се…