Петков како Заев на времето: Се надевам дека многу иселени Бугари ќе се вратат назад во Бугарија

Поранешниот бугарски премиер, Кирил Петков, кој е копретседател на партијата „Промените продолжуваат“, откако го даде својот глас на вонредните парламентарни избори изјави дека денешното гласање во Бугарија е многу важно.
-Изборот е меѓу враќање во годините на транзицијата и нова и изменета Бугарија, рече Петков.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков кажа дека верува дека сите Бугари во овој момент ќе го направат изборот земјата да тргне напред. Тој кажа дека освен зголемување на приходите на пензионерите, ќе има и зголемување на просечната плата во Бугарија.
-Сите Бугари се надеваат дека секој млад Бугарин ќе ја избере Бугарија за свој дом, дека многу Бугари ќе се вратат од странство, дека ќе имаме просперитетна, способна, земја без корупција, додаде Петков.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Авионот на Лавров ја заобиколил Бугарија
Дипломатскиот скандал се продлабочува поради учеството на…
ЛАВРОВ ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА! Бугарија го отвори…
Бугарија го отвори својот воздушен простор со…
Поради снегот Бугарија прогласи вонредна состојба во…
Две лица загинаа во Бугарија, а едно…
Бугарија ќе испрати 100 оклопни транспортери во…
Бугарскиот парламент го усвои предлог-законот за бесплатна…
Две лица загинаа во несреќи поради силниот…
Две лица загинаа како последица на силниот…