Петков се подготвува за посета на Скопје

t

Советничката за надворешна политика на бугарскиот премиер Кирил Петков, Весела Чернева на 2 јануари го посетила Скопје.

Според бугарските владини информации Чернева била во Скопје по наредба на бугарскиот премиер Петков, со цел да се подготви неговата претстојна посета на Скопје во текот на овој месец.


Посетата на Петков се очекува по изборот на новата Влада во земјава, што според најавите би требало да се случи најдоцна до средината на овој месец, и по заседанието на Консултативниот совет за национална безбедност на Бугарија, што бугарскиот претседател Румен Радев го свика за 10 јануари посветено на „темата за Република Македонија”.

Париз упати порака дека Скопје и Тирана не треба да се одвојуваат на нивниот пат кон интеграцијата во ЕУ

Француската амбасадорка во Албанија, Елизабет Барсак земјата која на 1 јануари го презеде шестмесечното претседавање со Европската Унија, истакна дека не треба да има поделба во процесот на европска интеграција меѓу Албанија и Македонија, иако „Скопје е заложник на бугарско вето“.

Во своето интервју за Еуроњуз Албанија, таа вели дека желбата за раздвојување на двете земји доаѓа од фрустрацијата поради ветото на Бугарија за Македонија.

-Верувам дека треба да ја надминеме идејата дека овие два народа можат да се разделат. Знам дека многумина велат дека овие две земји биле третирани како една и бидејќи работите не одат толку добро меѓу Македонија и Бугарија, тогаш тие треба да се раздвојат. Ова треба да се надмине и треба да дадеме се од себе за да може двете меѓувладини конференции да се одржат во исто време, изјави Барсак.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарскиот европратеник Ќучук: После толку обиди за…

Бугарскиот европратеник и известувач за Македонија, Илхан…

Бугарски професор: Ветото е бугарска глупост на…

Бугарскиот професор Евгени Даинов вечерва во дебатниот…

Одлуката за Македонија ќе се носи во…

Коалицијата имаше многу конструктивен дијалог на темата…

Османи кон Кулеба: Македонците како никој друг…

Русија не само што ја мрази соседната…

Коалиционите партнери на Петков: Украина не може…

„Очекуваме да слушнеме што ќе се случува…