Петков се јавил кај Ковачевски да прашува за скршениот прозорец на бугарскиот Културен центар во Битола, меѓу другото…

t

Претставници на министерствата за надворешни работи на Македонија и на Бугарија на 10 и 11 февруари ќе имаат средба на која ќе се разговара за отворените политички прашања меѓу двете земји, најави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

– Доколку се постигне напредок, прифатлив за двете страни врз основа на европски вредности и почитување на двете страни, како на државите, така и на граѓаните, тогаш МНР тоа ќе го соопшти на ист начин како што министерот за надворешни работи имаше обраќање во Комисија за надворешни работи, од неколку часа, каде ги образлагаше основните поставки на разговорите што се водат, изјави премиерот Ковачевски, по посетата на компанијата „Текстил Солушн”, одговарајќи на новинарско прашање дали има нови моменти во однос на политичките средби со Бугарија.


Тој се осврна и на вчерашниот телефонски разговор со неговиот бугарски колега Кирил Петков кој се интересирал за два инцидента што се случиле и тоа едниот во врска со искинати венци на гробот на Гоце Делчев и за искршено стакло на бугарскиот Културен центар во Битола. Ковачевски го информирал Петков дека МВР согласно регуларните процедури ги прави сите истражни работи за првиот случај, а вториот е инцидент мотивиран од приватни причини

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Османи: Македонскиот јазик станува еден од 25-те…

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи вели…

Исчезнатото дете во Буково го нашле среде…

Веста дека во средата во 11.40 часот…

Oсмани: Забрзано се работи на нов француски…

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи вели…

Бугарското МНР го разобличи Османи: Протоколот бил…

Бугарското министерство за надворешни работи уште еднаш…

(Видео) Бугарски пратеник: Ја влечеме Македонија во…

Со денешната одлука на Народното собрание, кое…