Петмина украински министри поднесоа оставки

t

Претседателот на Украина Володимир Зеленски во средата изјави дека на Украина и треба „нова енергија“, наредувајќи ја најголемата реконструкција на владата од почетокот на војната против Русија.

„Денес ни треба нова енергија, а овие чекори се поврзани само со зајакнување на нашата земја во различни правци“, изјави за медиумите Зеленски.

Украинскиот парламент во средата ги прифати оставките на вицепремиерот, министерот за стратешка индустрија и уште двајца министри, објавија пратениците.

Седницата заврши во средата, а оставката на министерот за надворешни работи Дмитри Кулеба се уште не е разгледана, додаваат пратениците во објава на Телеграм.

Дополнителни оставки и нови именувања се очекуваат во наредните денови откако петмина министри поднесоа оставки, пренесуваат медиумите во регионот.

Аналитичарите велат дека ресетирањето на владата било планирано некое време, но било одложено бидејќи Зеленски се фокусирал на разговорите со западните партнери на Киев во текот на летото за да обезбеди воена и финансиска помош.

„Ова е планирана кадровска реконструкција на владата“, изјави за Ројтерс Володимир Фесенко, политички аналитичар од Киев.

„Сега ќе се изгради половина од владата. Тоа е стилот на Зеленски. Смета дека новиот министер носи нова енергија, нови пристапи, работи поактивно. Тој очекува токму таков ефект“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петмина украински министри поднесоа оставки

Претседателот на Украина Володимир Зеленски во средата…

Банди од Чиле, Еквадор и Колумбија украле…

Тимови од јужноамерикански криминалци, специјално обучени и…

Израелската војска тврди дека ги заврши операциите…

Израелската војска денеска соопшти дека ги завршила…

НАТО е многу разочаран од акцијата на…

НАТО соопшти дека е многу разочаран од…

СЗО: Половина од болниците во Газа само…

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) за…