Петровска започна консултации за процесот на трансформација на системот за одбрана на земјава

t

Министерката за одбрана Славјанка Петровска почна широки консултации во процесот на трансформација на системот за одбрана кој продолжува по членство на земјата.
Армијата и Министерството за одбрана се насочени кон зајакнување на човечките капацитети затоа што модерна опрема се купува, можете да ја набавите, но инвестирањето во човечките ресурси е нешто кое што е подолготрајно и за што треба особено сите ние да се заложиме, нагласи министерката за одбрана Славјанка Петровска на денешната средба со претставници на невладините и тинк-тенк организации.

Она што како министерка за одбрана би го зела како обврска од овој денешен состанок е да обезбедиме дополнително поддршка од Одделот за јавна дипломатија и Фондот наука за мир на Северноатлантската алијанса во утврдување на потребите и приоритетните области за кои преку јавните повици практично ќе може да се обезбеди финансирање од НАТО на проекти – токму ваши проекти кои ќе имаат една единствена улога, а тоа е зајакнување на граѓанската и цивилната контрола на системот на одбрана и Армијата, се разбира адресирајќи ги оние слаби точки или она што нас сите не засега, а тоа е борбата против лажните вести, хибридните закани, креирањето на јавни политики во одбраната итн., посочи Петровска.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ се наоружува: Унијата одвои дополнителни 200…

Европската комисија денеска усвои план за зајакнување…

Петровска започна консултации за процесот на трансформација…

Министерката за одбрана Славјанка Петровска почна широки…

ЕУ го одобри “Стратешкиот компас”: Унијата формира…

Во понеделникот, Европската унија го одобри Strategic…

(Видео) Кличко објави: Киев се подготвува за…

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, објави ново…

Дневен брифинг на Руското министерство за одбрана:…

Брифинг на официјалниот претставник на Министерството за…