Петровска за тврдењето на Ковачки дека се приведени македонски разузнавачи во Косово: Целосно неточно и злонамерно е неговото тврдење

t

Министерката за одбрана Славјанка Петровска, денеска му одговори на Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

Ковачки кажа дека оперативци – разузнавачи пред 10-тина дена биле испратени на задача во Косово од страна на министерот Славјанка Петровска, но истиот ден кога дошле на Косово, биле приведени поради сомнителни активности.

Петровска ги демантираше овие изјави, и кажа дека не е првпат на Ковачки да изнесува невистини.

„Целосно неточно, невистинито и за жал злонамерно. Организациските единици во МО и Армијата се во целосна поддршка на припадниците на Армијата ангажирани во меѓународни мировни операции. Не е прв пат овој пратеник, поранешен припадник на Армијата да изнесува невистини и лаги и да ги напаѓа своите поранешни колеги.“, рече Петровска за ТВ21.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија ѝ донира 12 хеликоптери на Украина…

Новото дебатно издание на емисијата „360 степени“,…

Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена со засилени…

Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена – Скопје…

До февруари 2024 сите документи ќе мора…

Министерството за внатрешни работи, постапувајќи по заклучок…

Возач се обидел да прегази неколку лица…

Во петокот, на паркингот на аеродромот Келн/Бон,…

(Фото) ЛЕКАРИ ТВРДАТ ДЕКА ОД ШЕЌЕР НЕ…

Зошто почина 6-годишната Јана? Клиничката болница во…