Петровска најавува модернизација на АРМ: Ќе се набавуваат хеликоптери и оклопни возила

t

Министерката за одбрана Славјанка Петровска најави набавка на хеликоптери и оклопни возила за македонската армија. Петровска воедно посочи и дека донацијата за Украина нема да влијае на борбената готовност на АРМ.

Таа посочи дека хеликоптерите се со западна патформа кои се мултифукционални и тоа е на линија на плановите за развој на одбранбените способности и капацитети на нашата Армија. Дополни дека освен оние шест оклопни возила кои беа испорачани во земјава, очекуваат испорака на уште 27 такви возила.

– Во поглед на набавката на сисемот за противвоздушна одбрана, договорот е веќе финализиран, јас на почетокот на септември ќе одам во Париз на еднодневна посета и каде заедно со министерот за одбрана на Франција ќе го потпишеме овој договор. Останатите договори се во понапредна фаза, рече Петровска во вестите на Сител.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Средба Ковачевски-Бетел: Луксембург силно ја поддржува Македонија…

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар…

Џабе го дадовме името?! Димитров: ЕУ не…

Поранешниот вицепремиер и министер за надворешни работи…

Османи: Уставните измени што побрзо да станат…

Уставните измени треба што побрзо да станат…

Член на комисијата потврди: Бугарските историчари инсистираат…

Не работиме на утврдување на статусот на…

(Во живо) Отварање на бугарскиот културно-информативен центар…

Следете го во живо отварањето на новиот…