Петровска: Подготвени сме да имаме прва жена генерал

t

Министерката за одбрана Славјанка Петровска во утринското гостување во емисијата Утрински брифинг, на прашањето кога Mакедонија ќе има жена генерал, изјави дека е подготвена да поддржи такво решение. На прашањето дали за тоа Армијата има соодветни кандидатки, Петровска одговори:

„Од моето неколкумесечно искуство и директна соработка и работа со персоналот и во Министерството и во Армијата, бидејќи кандидатката треба да биде воено лице, апсолутно сметам дека да – имаме таков потенцијал и мислам дека тоа е нешто што треба да се валоризира, не само заради тоа што некој е жена, туку заради тоа што навистина поседува квалитети.


Во тек во Министерството за Одбрана и Армијата се проекти кои ги работиме заедно и со Канцеларијата на Обединетите Нации и со DCAF кои се однесуваат на таргетирање на родово сензитивни прашања – тие вродуваат со огромен успех и се разбира дека секогаш ќе ја имаат мојата политичка поддршка за тоа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

,,Туширајте се кратко, носете џемпери и дебели…

Германскиот вицеканцелар, шеф на „супер-министерството“ за економија…

Русија со кибер напад кон Литванија како…

Државни и приватни институции во Литванија се…

Нуров обезбеди полуфинале на Медитеранските игри

Македонскиот претставник Магомедгаджи Нуров се пласираше во…

Несреќа во Чешка: Воз се судри во…

Во Чешка се случи железничка несреќа во…

Mигрантите повторно навалија кон Грција

Во вкупно 24 случаи околу 1.130 бегалци…