Петровска: Протераните руски дипломати имале за цел да се мешаат во националните интереси на Македонија

t

Тројцата руски дипломати кои неодамна беа протерани од Македонија се лица кои работеле спротивно на дипломатските правила и се обиделе, односно сакале да се вмешаат во стратешки национални интереси на државава, изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска на 26 септември.

Стратешката цел на земјава е членство во НАТО и Европска унија (ЕУ) и секој што ќе го попречи тој пат не може да биде пријател на државата, рече министерката на денешната прес-конференција во Скопје со словенечкиот министерот за одбрана, Марјан Шарец, одговарајќи на новинарско прашање.

Македонското Министерство за надворешни работи (МНР) на 16 септември потврди дека од земјата биле протерани тројца руски дипломати.

– Што се однесува на последното протерување засега станува збор за лица кои работеле спротивно на дипломатските правила, меѓутоа очигледно е дека со правилата согласно речникот на безбедносно – разузнавачките служби се обиделе или сакале да се вмешаат малку повеќе во стратешките национални интереси на нашата држава, изјави министерката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Косовари направија хаос во Венеција- сакале наместо…

Најмалку дваесет Албанци го блокираа плоштадот Корсо…

Ужас: Србинка си го запалила сопствениот син

Мајка (44) од градот Српска Црње во…

„ЕКОНОМИСТ“ ГИ АНАЛИЗИРА НОВИТЕ ОКОЛНОСТИ: За првпат…

За првпат откако изврши вооружена агресија врз…

ОД СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ ИМА РАСПОЛОЖЕНИЕ ДА НЕМА…

Успешна лидерска средба значи дека политичките партии…