Петровска со голема мисла: Моќта на една држава не е само во тоа каква армија има, туку и во тоа колку и какви пријатели има

Моќта на една држава не е само во тоа каква армија има, туку и во тоа колку и какви пријатели има. Извонредна средба во Љубљана со колегата, Марјан Шарец, напиша министерката за одбрана Славјанка Петровска на нејзиниот фејсбук профил.
– Ја потврдивме традиционално добрата соработка меѓу двете земји во областа на одбраната, сојузништвото во НАТО и реафирмиравме дека споделуваме иста визија за регионот – стабилност, мир и безбедност. Оваа година имаме голем број заеднички вежби, трензинзи и активности, а најзначајна е соработка во #НАТО мисијата за зајакнато истурено присуство во Латвија каде македонските мировници се дел од словенечкиот контингент, објави Петровска.
Таа упати благодарност за постојаната словенечка поддршка за евроинтегративниот пат на Македонија.
– Западниот Балкан мора да опстане на патот кон целосна демократизација и силна европеизација – пат кој е нераскинливо поврзан со пристапувањето кон Европската Унија, напиша министерката за одбрана Петровска на фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Утре ќе се знае дали „Цар Борис“…
Утре ќе се знае дали Цар Борис…
Следете нè: Вечерва во 21 часот “Тешки…
Следете ја денешната епизода на "Тешки муабети"…
(Видео) Бер Грилс му понудил чоколадо на…
Познатиот авантурист Бер Грилс е обвинет дека…
Три лица уапсени за дрога во Скопје
Денеска по полноќ и вчера полицијата апсеше…
Поднесена кривична против две лица за недозволена…
Единицата за сериозен криминал и кривични дела…