Петровска: Членството на Македонија во НАТО е гарант за безбедноста на регионот

t

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска денеска се сретна со пензионираниот генерал на британската армија и член на „Охридската група”, сер Берни Вајт-Спунер со кого разговараше за европската перспектива на регионот и за новата безбедносна реалност на европскиот континент.

Петровска порача дека имајќи ја предвид новата безбедносна реалност, европската интеграција е потребна повеќе од кога било и дека пример за тоа како интеграцијата во европските и евроатлантските структури влијае на зацврстување на безбедноста е членството на Македонија во НАТО – Алијансата.

„Северна Македонија во НАТО е гарант на безбедноста и стабилноста не само на земјата, туку и на целиот регион. Интеграцијата во ЕУ ќе има силен позитивен ефект и на безбедноста, но и на просперитетот на сите наши граѓани”, рече министерката на состанокот.

Петровска се заблагодари за поддршката на сите истакнати членови на Охридската група за сета досегашна поддршка на евроатлантскиот и европскиот интегративен пат на Македонија.

Вајт-Спунер е дел од Охридската група на истакнати државници и дипломати, предводена од Лордот Џорџ Робертсон. Групата е формирана во 2018-тата година, со цел поддршка на патот на нашата земја кон НАТО-Алијансата и Европската Унија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ангелов на Комитетот за отпорност на НАТО

Директорот на Центарот за управување со кризи…

Во НАТО постои консензус дека Украина треба…

Во НАТО постои консензус дека Украина треба…

Бомба на чешки пратеник: НАТО ја бомбардираше…

Европската Унија и Соединетите Американски Држави со…

Загриженост во НАТО: Ѕверот сака да ја…

НАТО вети дека ќе им помогне на…

Медведев: НАТО треба да се покае пред…

НАТО не му е потребен на цивилизираниот…