Пет повредени од Кочани се во критична состојба, девет пациенти кои се лекуваат во Македонија ќе бидат пуштени на домашно лекување од утре

t

Во македонските болници сите повредени од Кочани се во стабилна и добра состојба, а девет се планира да се испишат во понеделник по направените токсиколошки и психолошки анализи. Петте покритични пациенти се лекуваат надвор од државата, кажа министерот за здравство, Арбен Таравари.

„Следната недела имаме најави за враќање на повеќе пациенти во државава. Во критична состојба продолжуваат да бидат околу пет пациенти. Седми ден е, нула починати. Нема ниту еден пациент кој починал. Очекуваме да се подобрува состојбата“, рече Таравари.

Во Македонија има повеќе пациенти кои се на механичка вентилација.

„Сите во Македонија се во стабилна и добра состојба“, додаде тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Меџити: Воспоставивме електронска платформа за користење светски…

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денеска…

МЗ: Над 50 илјади граѓани примиле вакцина…

Министерството за здравство информира дека над 50…

Судска медицина ќе ја утврдува причината за…

 Министерството за здравство во врска со смртниот…

На распит пред Анкетната комисија актуелни и…

На собраниската Анкетна комисија за скандалот во…

Левица: Нема термини за прегледи за рак…

Алармантната состојба во здравството, поради катастрофалните политики…