Пешевски: Подготвени сме за мечот со Холандија

Македонскиот ракометен репрезентативец Жарко Пешевски изјави дека Македонија ќе прикаже уште подобра игра со Холандија, пред огромен број на наши фанови во овој хрватски град.
„Максимално сме фокусираме на Холандија, мечот против Унгарија го оставаме зад себе. Максимално сме мотивирани, би било жалосно да не сме, кога имаме поддршка од толкав број на навивачи, најавите се дека ќе дојдат уште повеќе. Ќе излеземе на терен со ладни глави, максимално мотивирани и верувам дека ќе стигнеме до добар резултат. Холандија е анализирана од претходно. Играат поинаков ракомет, може да се каже дека многу се побрзи, имаат одлични индивидуалци, ќе биде сосема различен натпревар. Ние сме подготвени, имаме свои шанси против нив“, изјави Пешевски.
Овие две селекции се сретнаа и на последниот Мундијал во Краков, каде Холандија полесно од очекувањата славеше со 34-24.
„Во Краков беше една друга репрезентација, многу од овие играчи што се тука, тогаш беа на своите почетоци, сега сме поискусна репрезентација. Го паметиме тој дуел и поразот, но верувам дека утрешниот меч ќе биде сосема поинаков. Ќе решаваат нијанси, тој што ќе направи помалку грешки ќе го добие мечот“, вели пивотот на македонскиот национален тим.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…