Пикси кон Србите: Време е да резервирате хотели низ Германија!

t

Со вчерашната победа над Црна Гора од 3-1, Србија дојде пред портите на Европското првенство, потребен е само уште еден бод за заверка на пласманот, селекторот Драган Стојковиќ – Пикси им порача на навивачите да почнат со резервации на смештајот за континенталниот собир кој ќе се одржи во Германија.

Иако Србија теоретски уште не е пласирана, никој нема дилема дека тоа ќе се случи. Пикси ќе стане првиот селектор во историјата на нашиот северен сосед кој ја однел репрезентацијата и на светско и на европско првенство.

„Мојата идеја беше јасна, носам одлуки и ги видовте нашите изданија во Будимпешта и тука. Момците заслужуваат пофалби, секој го одработи она што се очекуваше од него. Психолошки бев потполно мирен, бидејќи како тренер направив се што е во моја моќ. Ја подготвив екипата, ги направив измените, му диригирав на тимот, немаше нервози. Комплетно бев подготвен и им реков на момците да бидат трпеливи“, рече Пикси на вчерашната прес-конференција.

„Свирежи на полувремето? Не слушнав свирежи, но треба да им се објасни на луѓето дека натпреварот не се завршува со едно полувреме, има и второ. Не сакам да слушнам повеќе свирежи, нашите момци заслужуваат поддршка“.

„Бев мирен во ноќта пред мечот, имам поштен однос кон играчите, нацијата, не лажам, не играм во обложувалница. Веројатно е логично да се надевам на убави работи. Направив се што можев во Будимпешта, фалеше уште да влезам во теренот. Имам душен мир. Во фудбалот мора да веруваш. И знаев дека ќе дојде се против Црна Гора, само не знаев кога. Опцијата пораз не постоеше. Како што не постои и мислата дека може да загубиме од Бугарите“.

„Туку, време е полека да почнат да се резервираат хотели во Германија. Радувајте се што последниот меч ќе биде одигран во Лесковац, државата многу вложува во фудбалот и тоа е голема работа“.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Захарова ѝ одговори на Бербок: Вие грижете…

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи…

За два дена на Косово се регистрирани…

Во првите 48 часа од 2025 година…

Секој граѓанин должи 5.300 евра – Македонија…

Македонија ја заврши 2024 година со јавен…

Црногорскиот премиер свика состанок на Советот за…

Во повеќе црногорски градови граѓаните со палење…

Над 21 милион туристи лани ја посетиле…

Хрватска минатата година ја посетиле 21,3 милиони…