Писма до Македонците (2): Драги Георгиев е ординарен исторически аналфабет?

t

За една пирамидална Глупост

Учителка на животот.
Светлина на вистината.
Спомен на предишните времиња.
И живот на тој спомен.
ИСТОРИЈА


Ова писмо е персонализирано. На прв поглед навредително, ама паметните веднаш ќе увидат дека е поучително, едукативно. Да, токму така. И веднаш ин медиа рес(директно во центарот) на темата: Драги Георгиев изјави дека Бугарија за време на Втората светска војна не била фашистичка земја, и остана жив. Извини господине Георгиев, ама ти си еден ординарен исторически аналфабет. А тоа дека можеме Бугарија да ја третираме профашистичка и пронацистичка, демек не и фашистичка и нацистичка, е евидентен факт дека ти си квази историчар-силеџија, кој упорно го свири, или поточно дрнда, своето седум-осминско лицемерие, а богами и незнаење, поради кое се создава опасност нашите деца и внуци да ги проголта уште едно балканско ноктурно. Сега и овде тоа веќе не бидува. Доста беше! На твојот аргумент на сила, ти одговарам со силата на аргументите. Глупо, многу глупо од тебе. Ти направи едно сопствено салто мортале на духот, интелегенцијата и знаењето. Ако воопшто ги имаш. А тоа брато е хомокретенизам и ништо друго. А ти се покажа како еден обичен хомокретен. Еве и зошто.

Најпрвин за учителствувањето( професорувањето), директорувањето и попредседателствувањето.
Како бре професоре по историја, како бре директоре на историски институт, како бре копретседателе на заедничката македонско-бугарска комисија, после твојата профашистичка и пронацистичка Бугарија ќе ја третираме нашата антифашистичка борба и војна(НОБ и НОВ)? И неа ли ќе ја преименуваме? Од кој бре гинеа македонските чеда, Кузман Јосифовски – Питу, Христијан Тодоровски – Карпош, Вера Циривири, Орце Николов, Таки Даскалот, Цветан Димов, Васил Антевски – Дрен, Невена Георгиевска – Дуња, Борка Талески – Модерносто, Страшо Пинџур, Мирче Ацев, Илија Антевски – Смок, Раде Јовчевски – Корчагин, и многу други знајни и незнајни македонски херои кои ги положија животите за денешна слободна, независна и суверена Македонија?

А сега за светлината на вистината.

Кој ги убиваше, без причина и без повод? Ќе кажеш, или да ти кажам? Од бугарскиот фашистички окупатор. А да потсетувам ли за ѕверски стреланите младинци од село Ваташа? А си чул ли за нечовечкото малтретирање на Благој Јанков – Мучето? Ти кажале ли баба ти и дедо ти како припадниците на бугарскиот фашистички окупатор нечовечки се изживуваа со неговото безживотно тело? Што, не ти кажале? Е да знаеш, бруко една! Што да не мислиш дека ја заборавив бугарската црна дамка – антисемитизмот, холокаустот и депортирањето на Евреите од Битола? Будалетинко една, низаедна, јас да не ги депортирав? Татко ми Гога? Или дедо ми Сота? А? Ти зборувам за вистината, ако не ти текнува. Зарем не знаеш дека ако нема минато без вистина, нема ни иднина без прошка.

Алооо! Зборувам за бугарските репресии, насилства, ѕверства и злочини. Истражени, документирани, докажани и пресудени. На домашен терен, во Македонија, но и надвор, во Европа и светот. Тоа е ад акта! Го знаеш ли ти тоа или не? Ова што го правиш е политичко-историско бесчестие бре. До кога бре ти ќе се заебаваш со нас Македонците и нашата македонска историја? Доста бре со тоа не, ама да! Не сакам бре да живеам во твојот и бугарски лимбус како гуска во магла. Квази историчари, квази историја, квази-европски вредности. Јок бре! не ја прифаќам твојата историско-гнојна фекална бара. Носете се во ……

Не е на одмет и малку спомен за предишните времиња.

Само пред тоа, те потсетувам на Централниот бугарски акционен комитет од 07 април 1941г. Многу добро знаеш дека 45 илјадна орда од полицајци, џандармерија и војска претставуваше страв и трепет за недолжното македонско население. На нив им помагаа и припадниците на одделот за државна безбедност како политичка полиција и секако, злогласниот комесеријат за еврејски прашања. Сите заедно заплашуваа, прогонуваа, уценуваа, затвораа, ѕверски мачеа и убиваа македонски граѓани, и припадници на КПМ и партизанското движење.

И сега ние треба да ти аплаудираме? Не! Инаугурираната глупост од твоја страна ние со сила на аргументите – со историските кристално јасни факти и непобитни аргументи ја детронизираме. За почеток, да ги прочиташ “Репресијата и репресираните, во најновата македонска историја“(Виолета Ачкоска, Никола Жежов, Макавеј, 2005, Скопје, “Политичките судски процеси во Скопје за време на бугарската окупацијата(1941 – 1944)“, Државен архив на Р.М., Скопје, 2009, “Судењата како последен пораз“, Јован Павловски, ЦИИД Полог, Тетово, 1977 и “Третиот Рајх и Македонија“, Марјан Димитријевски, Институт за национална историја 1941 – 1945(документи)“. Во нив има оригинални документи од институциите во Република Германија, СФРЈ, Република Македонија и Република Бугарија, за ѕверствата на бугарскиот фашистички окупатор во Македонија.

За денес, чинам доста ти е. Спремај се деновиве да се думаме за тоа дека “во државата Бугарија немало фашистички идеи и движења“. Спреми се да дадеш дефиниција за природата, карактерот, средствата, методите и целите на фашистичките и националистички организации од типот на: Браник, Рaтник, Сojуз на бугарските национални легиони, Војници од фронтот, Отец Пајсиј, Ополченци, Сojуз на резервните офицери, Јунак и Труд и радост. Што, не сакаш? Е, во тој случај, јас ќе ги “нацртам“(претставам), а ти и понатаму треси зелени.

Сотир Костов

П.С.
Обраќањето на „Ти“ не е некултура и невоспитаност. Напротив. Заслужено и по мерка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Копаат ровови за гробници, полицијата секој ден…

Масовните гробници кои во последните неколку дена…

БОМБА од Украина: Порошенко се обидел да…

Поранешниот претседател на Украина Петро Порошенко се…

Кулеба се пофали: Пристигнува ново тешко оружје…

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитриј Кулеба…

Бугарскиот европратеник Ќучук: После толку обиди за…

Бугарскиот европратеник и известувач за Македонија, Илхан…

САД не престанува: Нови санкции за две…

САД денеска воведоа санкции за две руски…