Пиштолот пронајден покрај Маја Јанева бил на нејзиното момче, тој одбива преглед

t

Пиштолот со кој е нанесена прострелна рана во главата на македонската инфлуенсерка Маја Јаневска која трагично го загуби животот во Јужна Африка бил во сопственост на нејзиниотт партнер, тајкунот со цигари Кајл Филипс, се првичните информации за смртта на Маја Миа, објави News24.

Филисп треба да даде изјава во полиција, но според извори на медиумот, тој одбил да биде прегледан од државниот патолог задолжен да ја спроведе обдукцијата на Јанеска, и додека разговарале за понатамошните чекори тој „буквално се опколил со своите телохранители“.

Патологот се обидел да утврди дали Филипс имал одбранбени рани на телото.

Се верува дека полицијата можела да спроведе тестови за остатоци од барут од огнено оружје на оние кои биле присутни во куќата кога починала Јанеска, а ова го вклучува Филипс, бидејќи тој бил присутен во спалната соба кога се случила трагедијата.

Смртта на Јанеска во оваа фаза од истрагата не се третира како сомнителен случај, иако нејзините роднини и блиски пријатели не веруваат дека станува збор за самоубиство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Митовски: Вечерва официјално ја поднесовме КРИВИЧНАТА ПРИЈАВА…

Вечерва официјално ја поднесовме кривичната пријава за…

(Видео) Силно невреме кај Свети Николе –…

Големо невреме вечерва погоди делови од источна…

Возач прегазил жена во Кавадарци и избегал

51-годишна жена од Кавадарци е повредена вчеравечер,…

(Видео) Неверојатен херојски потег на турист во…

Невообичаеното апсење се случи во четвртокот во…

(Видео) Полицајки во Сплит убиja ограбувач на…

Пред пладне во центарот на Сплит, на…