Пленковиќ за налозите за апсење од МКС: Не прифаќам да се изедначуваат Израел и Хамас

t

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави дека не може да прифати изедначување на демократски избраното израелско раководство со лидерот на „терористичкиот“ Хамас, за кого Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налози за апсење во четвртокот, и дека Хрватска нема да дојде до ситуација кога би одлучила дали ќе ги уапси.

Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант, како и за лидерот на Хамас, Ибрахим ал-Масри.

– Не можам политички да прифатам дека во ист ранг се демократски избраните лидери на земја како што е Израел, со која имаме одлични односи и водачите на терористичка организација како што е Хамас – изјави Пленковиќ.

Потписниците на Римскиот статут, документот со кој е основан МКС, се должни да ги извршат налозите за апсење на тој суд. Владите на некои од потписниците, како Ирска, Италија, Холандија и Словенија, најавија дека ќе ги почитуваат овие наредби, но некои земји, како Унгарија, најавија дека нема да го уапсат израелскиот премиер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кина ни ги укина визите

Кина најави дека ќе го прошири безвизниот…

Ни секој петти во Македонија нема каде…

Само 18 проценти од македонското население ќе…

Пленковиќ за налозите за апсење од МКС:…

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави дека не…

Рама: Албанија размислува за целосна забрана на…

По крвавиот настан, во кој беше усмртено…

Ердоган: Турција не му дозволи прелет на…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган потврди дека…