Објавено на:

Пленковиќ им врати на Русите: Хрватска е во добро друштво

t

Хрватска е во добро друштво, е кусиот коментар на премиерот Андреј Пленковиќ по повод одлуката на руската Влада да ја стави Хрватска на листата непријателски земји.

За потсетување, владата во Москва денеска ја додаде Хрватска на листата непријателски држави, заедно со Словенија, Грција, Данска и Словачка.

Со одлуката им се забранува на Хрватска и на Словенија да вработуваат руски државјани во своите дипломатско-конзуларни претставништва, додека за Грција тоа е органичено на 34 лица, за Данска 20 и за Словачка 16 лица.

„Пописот одобрен од Владата не е конечен, и со оглед продолжувањето на непријателските активности на странските држави против руските мисии во странство, тој би можело да биде проширен“, се наведува во соопштението на руската Влада.

Во мај минатата година слични органичувања беа воведени за дипломатските преставништва на САД и на Чешка.

Извор: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) РУСКАТА АРМИЈА И ТЕХНОЛОГИЈА ПОВТОРНО ПРИСТИГНУВА…

Првиот железнички состав натоварен со борбена и…

МНР потврди: Русија ќе им продава на…

Руското Министерство за надворешни работи потврди за…

Брнабиќ: Србија не е неутрална, ја осудуваме…

Српската премиерка Ана Брнабиќ вели дека на…

Лидерите на Доњецк и Луганск заминаа во…

Лидерите на Доњецката и Луганската народна република,…

Нуклеарен армагедон? НАТО да одговори разорувачки ако…

На евентуална руска употреба на нуклеарно оружје…