Пленковиќ казнет 400 евра поради несовпаѓање на имотната картичка

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ денеска е казнет во износ од 3.000 куни (400 евра) поради несовпаѓање на имотната картичка.
Комисијата за одлучување за судир на интереси донесе решение дека Пленковиќ го прекршил Законот за спречување судир на интереси, бидејќи во имотната картичка не го навел имотот кај Дубровник, кој како косопственик го наследила неговата сопруга и поради погрешно наведени износи на надоместокот на неговата сопруга.
Постапката е започната во октомври. Комисијата не го прифати претходното образложение на премиерот Пленковиќ со кое тој се обиде да ја оправда неусогласеноста на податоците наведени во имотната картичка сп оние доставени од Даночната управа.
Пленковиќ претходно изјави дека неговата сопруга не знаела дека третина од имотот наследила од нејзиниот покоен татко, бидејќи била малолетна, па не му го кажала тоа. За неусогласеноста во висината на надоместоците за време на породилното отсуство, тој рече дека неговата сопруга не сметала дека покрај платата треба да пријави и помали надоместоци.
Хрватската влада денеска соопшти дека станува збор за ненамерен пропуст, кој во меѓувреме е исправен и дека премиерот ќе ја почитува одлуката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Спортски авион се сруши во Хрватска!
Мал спортски авион денеска се урна кај…
Хрватска воведува посебно кривично дело „тешко убиство…
Хрватска соопшти дека воведува нови мерки и…
Пендаровски, Милановиќ и Пирц Мусар заеднички контра…
Претседателите на Република Македонија, Стево Пендаровски, Словенија,…
Спречен влез на над 600 мигранти во…
Хрватскиот министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ…
(Видео) За само два часа се регистрирани…
Невреме ја зафати Хрватска, а за само…