Повредени седум лица од кои две деца во тешка сообраќајна несреќа во струмичко

t

На 20.02.2022 во 00.55 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистралниот пат Струмица – Ново Село, делница од с.Босилово-с.Турново, се случила сообраќајна несреќа патничко возило „мазда’’ управувано од О.С.(45) од с.Старо Балдовци, струмичко и патничко возило „бмв х3’’ со струмички регистарски ознаки, управувано од В.Џ.(45) од с.Градско Балдовци, струмичко.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на возилото „мазда“, А.А.(25) од с.Старо Балдовци – сопатник во возилото „мазда“ и В.Ј.(33) од с.Градско Балдовци – сопатничка во возилото „бмв“, констатирани во болницата во Струмица.


Додека со телесни повреди се здобила В.Џ., малолетен сопатник во возилото „мазда“, С.И.(42) од с.Градско Балдовци – сопатничка во возилото „бмв“ и малолетна сопатничка во возилото „бмв“ од с.Градско Балдовци, констатирани во болницата во Струмица. Увид извршила екипа од СВР Струмица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јужниот дел од Мексико погоден од ураганот…

Агата, најсилниот ураган во историјата, што во…

Експлозија во Филаделфија: Најмалку 4 лица загинаа…

Најмалку четири лица загинаа по експлозија во…

ПОВРЕДЕН РУДАР СВЕДОЧИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО СОКОБАЊА:…

Директорот на Општата болница во Алексинац, д-р…

ОСУММИНА ЗАГИНАТИ ВО ЕКСПЛОЗИЈА ВО РУДНИКОТ КАЈ…

Осуммина рудари загинаа во експлозија на метан…